глека | несв.

Јаде полека, сосила. Го глекаше корчето леб.

глекав | прид.

Што е премногу мек, леплив, кашав како леб; недопечен. Глекави кравајчиња.

глетка | несв.

Гледа по малку. Детето си глеткаше наоколу.

глетка | ж.

Поглед, видик. Пред нив имаше глетка заради која сепак вредело да се дојде.

глечер | м.

Дебел слој мраз во високите планини и поларните области што бавно се движи надолу; ледник. Некои глечери се движат и до 30 м на ден.

глеѓ | ж.

Смеса за премачкување порцелански, керамички и глинени предмети заради заштита и сјај; глазура. Садовите беа премачкани со глеѓ и светеа.

глеѓоса | св.

Премачка со глеѓ. Глеѓоса неколку садови и седна.

глиб | м.

Кал. Колата заглави во глибот.

глибав | прид.

Каллив. Одеа по глибавата полјанка.

гликоза | ж.

Материја што служи за добивање енергија кај живите организми, шеќер; гроздов шеќер