глина | ж.
Вид леплива земја со кафеава, жолта или црвена боја што со печење се стврднува и се користи за изработка на ќерамиди, тули, садови и др. Грнчарот правеше садови од глина.
глинен | прид.
Што е направен од глина. Глинени садови.
глиновит | прид.
Што содржи глина. Глиновита земја.
глисер | м.
Брз моторен чамец. По езерото се возеа со глисер.
глиста | ж.
Црв што живее во цревата на луѓето и на животните или во земја. На дечињата, во студените и влажни куќарки, им се подуваа мешињата од глисти. Дождовна глиста.
глистоса | св.
Добие глисти. Глистосаа неколку овци од стадото.
глистосан | прид.
Што е со глисти. Глистосана земја.
глицерин | м.
Безбојна, густа течност што се добива со преработка на животински и на растителни масла, а се употребува во медицината, козметиката, техниката итн.
глоб | м.
Очна дупка. Очите му беа дробни, кафеави и се слизгаа со необична леснотија од едниот до другиот крај во глобовите.
глоба | ж.
Парична казна. За секој прекршок се плаќаше глоба.