глобала | и.

Во составот – во глобала: Целосно, општо. Во глобала се согласувам со предлогот.

глобален | прид.

Што е целокупен, вкупен, сеопшт. Во овој осврт авторот дава глобален преглед на поранешната и на сегашната состојба.

глоби | св. и несв.

Казни, казнува парично. Собирачите на данок глобат, селаните се бунат.

Глобочица | ж.

Вештачко езеро во Македонија.

глобус | м.

Модел на Земјината топка со обележана географска карта на него што се врти околу оска и служи како нагледно средство во наставата по географија.

глог | м.

Шумско овошно дрво со трње и со месести црвени плодови; Crataegus. Меѓу глоговите и шиповите се тегнеше широкиот коњски пат.

глогинка | ж.

Плод на глог. Отиде да си касне уште некоја останата зрела глогинка.

глогов | прид.

Што потекнува од глог, што му припаѓа на глог. Глогово гранче. Глогови плодови.

глоговец | м.

Вид пеперуга, во фаза на гасеница ги напаѓа јаболкницата, крушата, сливата, а од шумските дрвја само глогот; Aporia crataegi L.

глоговица | ж.

Глогов стап.