глода | несв.
Гризе, нагризува, кине со заби нешто тврдо. Глувците глодаа по таванот.
глодач | м.
Животно со специфична градба на забите: има силно развиени по еден пар секачи од горната и од долната вилица, а спаѓа во класата цицачи; Rodentia: глушец, зајак и сл.
глорификатор | м.
Човек што глорификува некого. Тој се јавува како глорификатор на патријархалниот ред и морал.
глорификација | ж.
Славење, величање, воздигнување. Тука имаме глорификација на силата и на јунаштината.
глорификува | несв.
Слави, велича, воздигнува. Во расказот се глорификуваат неговите идеи.
глорифицира | несв.
глотеж | м.
Нешто што е нечисто, загадено.
глотен | прид.
За жито – што има глотеж; нечист. Житото беше глотно.
глоти | несв.
Валка, загадува. Не глоти ми ја куќата.
глотка | ж.
Нечистотија, раска. Глотка во окото. Во млекото паднале глотки.