глоцун | м.

Црвен глог; Crataegus oxyacantha.

глочка | несв.

За око – боцка, пече поради глотка. Окото ме глочка.

глув | прид.

Што е лишен од слух, што не слуша. Не знаеше дека далеку се слуша неговиот барабан, бидејќи беше глув и на двете уши.

глуварче | ср.

Растение со долга дршка, со жолти цветови кои се претвораат во пуфка составена од ситни семиња што ги разнесува ветрот; Taraxacum officinale.

глувее | несв.

Станува глув, го губи слухот. Старецот сè повеќе глувееше.

глувичок | прид.

Што е глув во помала мера;

глувонем | прид.

За човек – што не слуша и не зборува, односно што е лишен од слухот и од способноста за говор. Беше мошне убава, но глувонема.

глувота | ж.

Состојба на глувост.

глувотија | ж.

Состојба на глувост.

глувтар | м.

Човек што слабо слуша, што недослушува.