глушец | м.
Мал глодач со долга тенка опашка што живее во близина на луѓето или во полињата. Полски глушец.
глуши | несв.
глушина | ж.
(бот.) Тревесто растение што расте по нивите како плевел; Vicia varia.
гмечалка | ж.
Направа за гмечење и за цедење грозје; преса.
гмечало | ср.
гмечач | м.
Човек што гмечи грозје.
гмечи | несв.
а) Притиска, стега, стиска. Татко долго ја гмечеше цигарата меѓу прстите. б) За овошје и зеленчук – притиска, стиска со цел да исцеди сок. Го гмечеа грозјето во голема каца.
гнас | м.
Само во изрази – одвратно, гадно. Ми е гнас. Му е гнас да го гледа.
гнаса | ж.
Нечистотија. Исчисти ја таа гнаса по куќата!
гнасен | прид.
Што е нечист, валкан. Гнасна облека.