глуждовит | прид.

За дрво – што има многу глуждови. Глуждовито дрво.

глума | ж.

Драмска уметност, актерска игра. Со нејзината глума вистински го долови ликот што го играше.

глумец | м.

Човек чиешто занимање е да игра, да глуми во театар, на филм и сл.; актер, артист. Тој беше најталентираниот глумец во театарот.

глуми | несв.

Игра, претставува, доловува некаков лик во претстава, во филм и сл. Во претставата глумеше лик на разочаран човек.

глуп | прид.

глупав | прид.

Што има ограничени умствени способности, ограничен, заостанат, тап. Беше многу убав, ама глупав како брат му.

глупавичок | прид.

Што е глупав во помала мера; Малку е глупавичок, ама е добар.

глупак | м.

Тој што е глупав.

глутница | ж.

Група животни, обично волци, што се движат и напаѓаат заедно. Беше тоа една постојана глутница волци што се штенеше и живееше тука.