гнида | ж.
Јајце од вошка. Во косата ѝ светкаа гнидите.
гнидав | прид.
Што има гниди. Гнидави деца играа пред куќата.
гнидоса | св.
Се наполни со гниди. Децата гнидосаа во косите.
гние | несв.
Се распаѓа под дејство на микроорганизми, обично во влажна средина; се расипува. Мирисаше на испаѓани муренки што гнијат.
гниеж | м.
гнил | прид.
За органски материи – што го завршил процесот на гниење, распаѓање под дејство на микроорганизми. Гнило овошје. Гнило дрво.
гнилеж | м.
Состојба или својство на она што е гнило. Мириса на гнилеж.
гнилец | зам.
Болест кај пчелите чијшто причинител е микроскопски ситен органи
гнилоса | св.
Стане гнил. Штицата на скалилото беше гнилосана.
гноен | прид.
Што е исполнет со гној. Раните им беа крвави и гнојни.