гнои | несв.

За рана – се исполнува со гној, станува гнојна. Прстот ми гноеше.

гнома | ж.

Мудра изрека, сентенција, поука.

гносеологија | ж.

Теорија за спознанието.

гној | м.

Густа жолтеникава течност што се создава при воспаление или при гниење на дел од човечки или од животински организам. На раната се гледаше гној.

гнојарник | м.

Место каде што се собира гнојот. Собираше гној од гнојарникот.

гнојлив | прид.

гнојница | ж.

Воспалена пора исполнета со гној што избива на површината на кожата. Лицето ѝ беше полно со гнојници.

гнојоса | св.

Исполни со гној, загнои. Раните му беа гнојосани.

го | зам.

Кратка форма за директен објект од личните заменки тој, он; се употребува сама или заедно со долгата форма – него го; Го виде ли подарокот? Него го сакам.

Гоби | ср.

Пустина во Монголија.