гнев | м.

Силна лутина, срдба, јарост. Беше исполнет со гнев поради неправдата.

гневен | прид.

Што е исполнет со гнев, што чувствува гнев кон некого; лут. Беше гневен на сите.

гневи | несв.

Лути, разгневува. Неговото однесување многу го гневеше.

гневлив | прид.

Што често се разгневува, што е склон кон гнев. Гневлива жена.

гнездест | прид.

Што е во вид на гнездо. Гнездеста шара.

гнезди се | несв.

Прави гнездо. Птиците се гнездеа на дрвото.

гнездо | ср.

Живеалиште на птици направено од слама и др., обично на дрво; седело. Сламка по сламка, пердувче по пердувче, дури земја со клунот пренесува, само гнездото да му биде поцврсто и потопло.

гнет | м.

Поробување, мачење, измачување, потиснување. Над некои од нив се врши геноцид и најсуров гнет.

гнетач | м.

Човек што гнете.