гоблен | м.

Уметничка ракотворба, ткаена или везена слика што се користи како декорација на ѕидовите. Таа цела година го везеше гобленот „Тајната вечера“.

говедар | м.

Тој што се занимава со пасење говеда. Го будеше говедарот за да ги потера селските говеда на пасење.

говедарник | м.

Просторија во која се затвораат, се чуваат говеда; обор. Навечер говедата ги прибираше во говедарникот.

говедарство | ср.

Одгледување говеда како гранка на сточарството.

говедо | ср.

Домашно тревопасно животно што се одгледува заради млеко и месо, а се користи и за работа.

говедски | прид.

Што потекнува од говедо. Говедско месо.

говор | м.

(лингв.) Начин за разбирање меѓу луѓето со помош на артикулирани гласови; устен јазик.

говорен | прид.

Што се однесува на говор. Говорен апарат. Говорна емисија. Говорни особености.

говори | несв.

Држи говор, држи беседа; предава. Претседателот говореше за актуелните проблеми во државата.