годинак | м.
Дете или животно на една година.
годинашен | прид.
Што е од оваа година. Годинашна ракија. Годинашно вино. Годинашна жетва.
годишен | прид.
Што се однесува на време до една година. Годишен зборник. Годишен концерт. Годишен извештај.
-годишник | претс.
Втор дел од сложенки со значење лице што има толку години колку што покажува бројот во првиот дел од сложенката. Триесетгодишник. Стогодишник.
годишник | м.
Периодичен зборник што излегува еднаш годишно. Статистички годишник. Годишник на Филолошкиот факултет.
-годишнина | претс.
Втор дел од сложенки со значење дека од некој временски период се поминати толку години колку што покажува бројот во првиот дел од сложенката. Стогодишнина од објавувањето на книгата „За македонцките работи“.
годишнина | ж.
Ден во годината што се одбележува поради некој значаен настан. Годишнина од Илинденското востание. Годишнина од смртта.
годишно | прил.
За една година, секоја година. Ја посетуваше еднаш годишно. Зборникот излегува годишно.
гоен | прид.
Што е добро хранет, здебелен. Гоена свиња.
гозба | ж.
Свечен ручек или вечера. Имам намера да направам голема гозба за роденденот.