гои | несв.

За домашни животни, добиток и живина – дебели, храни за да добие поголема тежина. Гоеше гуски и прасиња за Божик.

гол | прид.

Што е без облека. Се капеа голи во морето.

гол | м.

Простор на двата краја на спортскиот терен ограничен со дрвена конструкција (стативи) и мрежа во која треба да се уфрли топката.

голак | м.

Сиромашен, беден човек; голтар. Што ве лаже овој ганѕало и голак?

Голак | м.

Планина во Македонија.

Голан | м.

Област во Јордан, окупирана од Израел.

голгетер | м.

Спортист што дава голови. Фудбалски голгетер.

голгота | ж.

Тежок, мачен пат, исполнет со многу страдања (според Голгота, рид во близина на Ерусалим што го поминувал Исус Христос со крст на грбот на кој бил распнат). За да дојде до оваа позиција, помина низ страшни голготи.

голее | несв.

Осиромашува, губи нешто. Дрвото голее. Планината голее.