говорител | м.
Зборувач на еден јазик. Роден говорител.
говорлив | прид.
Што говори многу, што сака многу да зборува; зборлив. Жените беа говорливи.
говорник | м.
Човек што држи говор; оратор, беседник, предавач. На трибината говорникот наврапито се качи: говореше долго.
говорница | ж.
Место од каде што се држи говор. Говорникот се качи на говорницата.
говорништво | ср.
Вештина за држење говори; беседништво. Не го биваше за говорништво.
-годе | претс.
Само како втор дел што доаѓа со прашални или со лично-предметни заменки, заменски придавки и прилози и внесува значење на неопределеност: кај-годе, како-годе, кој-годе, каков-годе, што-годе.
годи 1 | несв.
Угодува некому, оди по нечија волја. Мајката им годеше на ќерките, а таткото на синовите.
годи 2 | несв.
Готви, подготвува, токми. Ја годеа куќата за продавање.
година | ж.
Време во кое Земјата свртува цел круг околу Сонцето, од 1 јануари до 31 декември.
годинава | прил.
Во (текот на) оваа година. Годинава пролетта ќе задоцни.