горнокраец | м.

Тој што е од горниот крај на селото; горномаалец. Се собраа горнокрајци и долнокрајци.

горномаалец | м.

Тој што е од горно маало; горнокраец. Се делеа на горномаалци и долномаалци и во квечерините водеа жестоки боеви.

горноселец | м.

Тој што е од горно село.

горњак | м.

Планински ветер, обично студен; ...бура низ срцето рине, / горњакот лице ти гали.

горовит | прид.

Што е обраснат со шума; шумовит. Трчаат елени низ горовит предел.

горок | прид.

(ретко) горчлив.

горолом | м.

Планинско место каде што ветрот ги турнал или ги навалил дрвјата. Во габеровата гора негде имаше густеж, негде горолом.

гороломен | прид.

Обично за ветер – што е силен, што крши гори. Гороломен ветер.

гороломник | м.

Голем, силен човек. Тој беше голем опасник и гороломник.