горчило | ср.
Нешто што дава горчлив вкус. Истиот миг устата му се наполни со отровно горчило.
горчина | ж.
Својство на тоа што има горчлив вкус.
горчлив | прид.
Што има непријатен вкус на пелин, на кинин. Горчливи лекови. Горчлива трева. Горчливи маслинки.
горјанин | м.
Планински човек, шумски човек. Челичните тела на горјаните ги издржаа сите тие тортури и останаа живи.
горњак | м.
Планински ветер, обично студен; ...бура низ срцето рине, / горњакот лице ти гали.
господ | м.
Вокатив господе и господи. Христијански бог. Во Господ се верува постојано и искрено, и кога нè помага, и кога одмага!
господар | м.
Владетел. Робови, покорувајте се на своите земски господари, со стравопочитување.
господари | несв.
Владее, царува. Кралот господари со земјата.
господарство | ср.
Својство на господар со имот и сл. Имаше наизменично господарство на двете држави.
господарува | несв.