горлив | прид.

Што е жежок, важен, актуелен, итен. Горлив проблем. Горлива тема. Горлива дискусија.

горненец | м.

Планинец, горјанин. Се симнаа горненците на разговор.

горни | прид.

Во топоними – Горни Полог, Горни Сарај; горни крај: а) Дел од куќа; б) Дел од нива.

горник | м.

Горен дел од облека. Го фати за горникот од кошулата и го потегна.

горница | ж.

Вид листопадно дрво, самоник, со издолжени листови, бели цветови и ситни, тркалезни жолтокафеави плодови; дива круша; Pyrus amygdaliformis.

Горно Езеро | ср.

Езеро во Северна Америка, од Големите Езера.

горноземец | м.

Тој што живее во „горна земја“; планинец, горненец, горјанин. Луѓето што дојдоа беа горноземци.

горнокраец | м.

Тој што е од горниот крај на селото; горномаалец. Се собраа горнокрајци и долнокрајци.

горномаалец | м.

Тој што е од горно маало; горнокраец. Се делеа на горномаалци и долномаалци и во квечерините водеа жестоки боеви.

горноселец | м.

Тој што е од горно село.