госпоѓа | ж.
вок. госпоѓо
госпоѓица | ж.
вок. госпоѓице
гости | св. и несв.
Пречека, пречекува, почести, почестува некого како гостин со јадење и со пиење. Ама нè гостија! Домаќините ве гостат со вино и со ракија.
Гостивар | м.
Град во Македонија.
гостилница | ж.
Мал ресторан во кој обично се служат традиционални јадења. Тие таму најчесто се угостители и држат мали гостилници.
гостилничар | м.
Сопственик на гостилница; угостител. Стариот гостилничар го поздрави учтиво и го седна крај масата во аголот.
гостин | м.
Човек дојден во посета или на гозба кај некого. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпезата пред гостите. Тој беше чест гостин кај мене.
гостопримлив | прид.
Што сака гости; што со задоволство прима и пречекува гости; гостољубив. Гостопримливи луѓе.
гостопримство | ср.
Срдечно примање гости; гостољубие. Наидовме на топло гостопримство од домаќините.
гостољубив | прид.
Гостољубиви домаќини.