газне | св.
Стапне, згази малку. Го газна по ногата за да замолчи.
газоза | ж.
Вид газиран безалкохолен пијалак. Тој пак прошетува низ чаршија, се напива една газоза и продолжува.
газозаџија | м.
Продавач на газоза. Го чекаа газозаџијата да дојде.
газолин | м.
Вид лесен бензин.
гака | несв.
Испушта глас како гуска. Од раното утро гуските почнаа да гакаат.
гакне | св.
Испушти глас како гуска, гака малку. Гуската цел ден не гакна ниту еднаш.
Гал | м.
Припадник на келтско племе, жители на Галија.
гала | прид.
Свечен, раскошен. Гaла-вeчер. Гaла-вeчера. Гaла-кoнцерт. Гaла-прeтстава.
галаксија | ж.
Ѕвезден систем во вселената (на пр. Млечен Пат). Се истражуваше дали има и други галаксии во вселената.
галактометар | м.
Направа за мерење на квалитетот, густината на млекото; лактометар.