грабливка | ж.

грабливец. Слугинката се покажа како грабливка.

грабне | св.

Одземе, земе нешто насилно, брзо. Скокна и ја грабна слушалката.

грав | м.

Едногодишно зрнесто растение со плодови во мешунки што се користат за исхрана.

гравер | м.

Занаетчија што гравира.

гравиден | прид.

(обично во женски род) Бремена. Гравидна жена.

гравидитет | м.

Бременост.

гравира | несв.

Врежува букви и цртежи во метал, во камен и др. На мазната плоча гравираше секакви фигури.

гравитација | ж.

Својство на меѓусебно привлекување на телата.

гравитира | несв.

(физ.) Од силата на гравитацијата е привлекуван кон некоја точка или тело.