гравура | ж.

Слика или натпис направен со гравирање. По другите ѕидови висеа неколку стари гравури.

гравушка | ж.

Зрно грав. Бајачката ми фрли гравушки во тепсијата.

гравче | ср.

Тавче-гравче.

грагор | м.

Ситни речни камчиња или добиени со дробење камен, кои се користат како градежен материјал; чакал. Се влегуваше низ една алеја посипана со грагор.

грагорест | прид.

Што е како грагор. Таму имаше грагорести камчиња.

грагоровит | прид.

Што има грагор, што е посипан со грагор. Одевме по едно грагоровито патче.

грагорче | ср.

Јазик во ѕвонче.

град 1 | м.

Големо населено место што претставува административен, културен и стопански центар на некоја област. Таа имаше само едно ателје во срцето на стариот град. Скопје е главен град на Република Македонија.

град 2 | м.

Природна појава, смрзнати капки дожд. Годинава градот го столчи бостанот.