града | ж.
Дојка, цицка кај жените. На сликата беше насликана една нимфа со огромни гради.
градација | ж.
Постапно преминување од понизок степен кон повисок; степенување. Со тоа се определуваат градациите при оценувањето.
градба | ж.
Градење некаков објект, ѕидање, изградба. Застана среде градбата и фати да витка цигара.
градбен | прид.
Што се однесува на градба. Градбена скица.
градеж | м.
градба_1_2
градежен | прид.
Што служи за градба, што се однесува на градење. Градежен материјал. Градежен инженер. Градежен работник.
градежник | м.
Човек што се занимава со градење; градител.
градежништво | ср.
Стопанска гранка чија дејност е градење објекти; изведување градежни работи.
граден | прид.
Што се однесува на гради. Граден кош.
градест | прид.
Што има развиени, широки гради. Човекот беше висок и градест.