градник | м.
Дел од женска долна облека што служи за придржување, прицврстување, стегање на градите.
градобитен | прид.
Што носи град, од кој ќе удри град; градоносен; Градобитен облак.
градобитнина | ж.
Тоа што е оштетено, уништено од град.
градоболен | прид.
Што има болни гради; туберкулозен.
градоначалник | м.
Претседател на град, на општина. Ми рекоа да се јавам кај градоначалникот.
градоносен | прид.
Што носи град; градобитен. Градоносен облак.
градски | прил.
Што е како во град, на градски начин. Се однесува градски.
Градско | ср.
Општина во Македонија.
градуален | прид.
Постепен, степенуван. Ако некое својство се манифестира во различни степени кај членовите на една опозиција, опозицијата е градуална.
градуира | несв.
Степенува, означува градуси.