гради | и.

Преден дел на телото меѓу вратот и стомакот. Кошулата на градите му беше распетлана.

гради | несв.

Прави, ѕида објект. Гради куќа. Гради мост. Гради зграда.

градиво | ср.

Наставен материјал, содржини што треба да се научат. Градивото по математика за оваа година беше прилично тешко.

градилиште | ср.

Место каде што се гради. Никаде да се види некое друго градилиште, ни да се чуе глас на мајстор или звук на мистрија.

градина | ж.

Место каде што се одгледуваат цвеќиња, зеленчук и др.; бавча. Цветна градина. Овошна градина. Зеленчукова градина.

градинар | м.

Човек што се занимава со одгледување цвеќиња, зеленчук и др. во градина; бавчанџија. Градинарите ги поливаа расадите.

градинарство | ср.

Одгледување цвеќиња, зеленчук и други градинарски култури. Се занимаваше со градинарство.

градинка | ж.

Дем. од градина.

градител | м.

Ѕидар; архитект. Ќе ни требаат градители и каменоресци, копаничари и зографи.

градиште | ср.

Урнатини од стар град или од тврдина.