градус | м.
Степен.
грака | несв.
Испушта звук што звучи „грак“, обично за птици (гаврани и сл.). Наоколу гракаа гаврани. Јато чавки пролетаа гракајќи.
гракне | св.
Еднаш испушти звук „грак“. Гавранот гракна и одлета.
гракот | м.
Звук на гракање. Од дрвјата се слушаше гракотот на гавраните.
грам | м.
Основна единица за мерење тежина, илјадити дел од килограм.
грамада | ж.
Куп, обично камења или дрва. Единствен знак дека тука биле куќи беа грамадите камења од нив.
грамаден | прид.
Што е голем, крупен. Грамадна планина. Грамаден човек.
граматика | ж.
(лингв.) Дел од лингвистиката во кој се проучуваат морфолошкиот и синтаксичкиот систем на даден јазик. Традиционална граматика. Историска граматика. Споредбена граматика.
граматичар | м.
Човек што се занимава со граматика.
грамота | ж.
Повелба, диплома, официјален документ. Најстар документ каде што се спомнува населбата е Калимановата грамота.