грам | м.

Основна единица за мерење тежина, илјадити дел од килограм.

грамада | ж.

Куп, обично камења или дрва. Единствен знак дека тука биле куќи беа грамадите камења од нив.

грамаден | прид.

Што е голем, крупен. Грамадна планина. Грамаден човек.

граматика | ж.

(лингв.) Дел од лингвистиката во кој се проучуваат морфолошкиот и синтаксичкиот систем на даден јазик. Традиционална граматика. Историска граматика. Споредбена граматика.

граматичар | м.

Човек што се занимава со граматика.

грамота | ж.

Повелба, диплома, официјален документ. Најстар документ каде што се спомнува населбата е Калимановата грамота.

грамотен | прид.

Што е писмен. Грамотен човек.

грамофон | м.

Апарат што произведува звук со помош на специјални плочи и звучници.

Гранада | ж.

Покраина во Шпанија.

Гранада | ж.

Град во Шпанија.