гранитен | прид.

Што е направен од гранит. Гранитна плоча. Гранитен споменик.

граница 1 | ж.

Линија што разделува држави, области и сл.; меѓа. Државна граница. Општинска граница. Граница меѓу две села. Граница меѓу поседи.

граница 2 | ж.

Вид даб со глуждовито стебло и со желади што висат на долги дршки на гранките; Quercus pedunculata.

граничар | м.

Војник што ја чува државната граница. Граничарите вршеа засилена контрола на граничниот појас.

граничен | прид.

Што е на граница, што се однесува на граница. Граничен појас.

граничи се | несв.

Се наоѓа на граница, се допира еден до друг, се наоѓа еден до друг. Македонија се граничи со Грција.

гранка | ж.

Ветка, вејка од дрво. Маслинова гранка.

грановит | прид.

Што е разгранет. Грановито дрво.

гранула | ж.

Зрнце. Лекот беше во гранули.

гранулат | м.

Зрнест материјал; градежна маса во зрнца.