гранулација | ж.

Претворање во зрнеста состојба.

гранулом | м.

Воспалено место на ткивото во вид на зрно. Гранулом на заб.

граор | м.

Растение во вид на разгранет ползавец, со темнокафеави или црни плодови во мешунки, што се користи како добиточна храна; Lathurus.

граориште | ср.

Место, нива посадена со граор.

граорка | ж.

Мешункасто растение од семејството; Onobrychis sativa.

графа | ж.

Простор меѓу две вертикални линии во документи, формулари, графикони, крстозбори и сл.

графика | ж.

Ознака за сите подрачја на цртање во уметноста и во индустријата (и техничко цртање и применета графика), како и за умножување со печатење.

графикон | м.

Цртеж на кој сликовито се прикажани разни податоци, појави, резултати и сл.

графит 1 | м.

Минерал со црна боја што се употребува за правење моливи.

графит 2 | м.

Текст или цртеж на фасади на згради и на други објекти.