графичар | м.

Човек, уметник што се занимава со графика.

графички | прид.

Што се однесува на графика и на графикон. Графичка уметност. Графички работник. Графички приказ.

графолог | м.

Човек што се занимава со графологија.

графологија | ж.

Вештина за распознавање ракопис и толкување на психичките особености на авторот на ракописот.

Грац | м.

Град во Австрија

грациозен | прид.

Што е привлечен, нежен, строен, со хармоничност на движењата. Грациозна жена. Грациозна балерина.

грација | ж.

(обично во мн.) Во римската митологија – трите придружнички на божицата Венера: Аглаја, Еуфросина и Талија.

грачи | несв.

Чавки летаа над него и силно грачеа.

грашар | м.

Тој што многу сака грав или грашок.

грашок | м.

Вид растение во вид на ползавец со издолжени мешунки исполнети со зелени зрна што се користат за исхрана; Pisum sativum.