граѓа | ж.
Материјал за градење. Дрвена граѓа.
граѓанец | м.
Жител на град. Дали е граѓанец или селанец?
граѓанин | м.
Жител, државјанин на една држава. Туристот беше граѓанин на Македонија.
граѓанство | ср.
Население што живее во град или во држава. Го поздравија од името на целото граѓанство.
грб 1 | м.
Заден дел од телото меѓу вратот и половината. Грбот го болеше од тешкиот товар. Му се здрви грбот од работата. Се качи на грбот на коњот и избега.
грб 2 | м.
Знак, симбол на држава, на град, на благородничко семејство и сл. Државен грб.
грбав | прид.
Што има грпка. Грбавиот старец плачеше.
грбавее (се) | несв.
Станува грбав, се витка во грбот, се подгрбавува. Работеа и грбавееја. Се грбавееше од тешката работа.
грбавец | м.
Грбав човек, човек со грпка. Грбавецот биеше во камбаната.
грбави | несв.