грвалица | ж.

Мешаница, толпа. На пазарот беше грвалица од народ.

грга | несв.

Тече силно, обилно истекува. Од чешмата гргаше вода.

гргне | св.

Истече наеднаш, во големо количество. Од главата му гргна крв.

гргор | м.

Силен клокот. Од изворот се слушаше гргор.

гргори | несв.

Создава звук при течење. Бистрото поточе весело гргореше.

грготен | прид.

Што создава силен гргот. Грготната река надоаѓаше.

грготи | несв.

Создава силен, бучен звук. Оттаму непрекинато грготеа топовите.