гримира | св. и несв.
Стави, става грим. Актерот излезе гримиран на сцена.
Гринич | м.
Гратче во близина на Лондон.
Гринички меридијан | м.
грип | м.
Вирусно заболување што се карактеризира со висока температура и со болки во мускулите.
грипозен | прид.
Што е болен од грип. Грипозен старец.
грицка | несв.
Гризе малку, по малку. Гостите додека разговараа грицкаа кикиритки и лешници.
грицне | св.
Детето ја грицна мајка си за раката.
грклан | м.
Горниот дел од душникот. Го пресече кај гркланот.
грлен | прид.
Што доаѓа од грлото, што се образува во грлото. Грлен призвук.
грлест | прид.
Што е со силен глас. Грлестите овчари се довикуваа по планината.