грли | несв.
Припокрие растение со земја околу коренот (пченка, компири и сл.). Цел ден без почивка грлел пченка.
грлица | ж.
Вид преселна птица слична на гулаб; Streptopelia turtur.
грлниче | ср.
Дел од народна носија: платнено парче, обично везено, што се става околу вратот.
грло | ср.
Горниот дел од внатрешноста на вратот што се наоѓа меѓу усната празнина и хранопроводникот. Ме боли грлото кога голтам.
грлобол | м.
Воспаление на грлото; ангина.
грлушник | м.
Тесен горен дел на шише, на стомна и сл.;
грмеж | м.
Силен звук што се слуша при грмење. Вчера имаше обилни врнежи и грмежи.
грмежлив | прид.
Проследен со грмежи. Грмежливо време.
грми | несв.
безл. Создава силен звук при светнување на молња. Ноќеска грмеше, ама не заврна.
грмне | св.
Грми малку, наеднаш; загрми. Облаците грмнаа. Попот грмна со силен глас. Топовите грмнаа.