громобран | м.
Уред што е поставен на зградите и ја одведува електричната струја на громовите в земја.
громовен | прид.
громовит | прид.
Што создава силен звук како на гром. Громовитите удари на тапанот одекнуваа низ планината.
громовник | м.
Оној што грми, што удира со громови. Илија громовникот.
громогласен | прид.
Што е премногу гласен, што е како гром. Громогласна смеа. Громогласен аплауз.
громок | прид.
Громок глас.
гросист | м.
Трговец на големо.
гротеска | ж.
Претерано искарикирано претставување на ликови, на настани и сл. во литературата, во театарот, во уметноста воопшто. Актерката толку го искарикира ликот што го доведе до гротеска.
гротескен | прид.
Што има карактеристики на гротеска; фантастичен, необичен, чуден. Гротескна претстава.
гроф | м.
Благородничка наследна титула, тој што ја носи таа титула.