грофовија | ж.
Област, посед во сопственост на гроф.
грофовски | прид.
Што се однесува на гроф, што му припаѓа на гроф. Грофовска облека. Грофовски имот.
грофовство | ср.
грош | м.
Турска ситна монета од 40 пари.
гроше | ср.
грпка | ж.
Неприродна искривеност на грбот, обично како последица од болест. Таква судбина ми напишале наречниците – да ми израсне грпка на плеќиве.
грст | м.
а) Составени двете дланки во форма на длабок сад. б) Мерка, количество на нешто колку што може да соберат две составени дланки. Набра грст грозје.
грсти се | несв.
Збира, натрупува, обично пари. Се грстеше со украдени пари.
грстум | прил.
Со полни раце, многу. Земаше пари грстум.
груб | прид.
Што е рапав, што не е мазен. Грубо платно.