груби | несв.
Станува грд;
грубичок | прид.
Што е груб во помала мера;
грубијан | м.
Човек што се однесува грубо. Тој грубијан ми потврди дека го тепа својот слуга.
грубијанство | ср.
Однесување на грубијан.
грубота | ж.
груботија | ж.
грува | несв.
Одделува зрна на пченка или на пченица со удирање по класјето. Цел ден груваше по пченките.
Грузија | ж.
Држава на Кавказ.
грумец | м.
Грутка стврднат шеќер, сирење, снег и сл.
грумулка | ж.
Грутка.