грумче | ср.
грунец | м.
Вид риба во Охридското Езеро; Rutilus rubilio ochridanus.
грунешник | м.
Мрежа со која се лови рибата грунец.
грунчар | м.
Прибор со кој се лови рибата грунец.
грунче | ср.
Вид риба во Охридското Езеро; Phoxinellus minutus.
група | ж.
Луѓе, заедница. Група деца. Група луѓе. Група ученици.
групација | ж.
групаши | несв.
Прави помали групи во рамките на некоја заедница, колектив, почесто на политичка партија и сл. или заради постигање, остварување потесни, лични интереси.
групаштво | ср.
Фракција. Одделни членови беа обвинети за групаштво.
групен | прид.
Што потекнува од група, што се однесува на група; заеднички. Групен труд. Групна изложба. Групна работа.