групира | св. и несв.

Издели, дели во/по групи. Луѓето на вечерата се групираа според возраста.

грутка | ж.

Стврднато парче земја што се изделува при орање, при копање. Грутка земја.

грутчест | прид.

Што е во грутки. Грутчест шеќер. Грутчеста земја.

Грција | ж.

Држава во Европа.

грч | м.

Силно и болно стегање на мускул или на група мускули; контракција. Додека пливаше, го фати грч на ногата и едвај доплива до брегот.

грчав | прид.

Што е слаб, неразвиен. Младоженецот беше мал и грчав.

грчави | несв.

Станува слаб, не се развива. Дрвцето цела година грчавеше.

грчевит | прид.

грчи 1 | несв.

Стега, свива во грч. Ги грчеше усните од страв.