грчи 2 | несв.
Испушта звук со дишењето при спиење. Дедото цела ноќ грчеше.
грчи 3 | несв.
Прави некого Грк, погрчува. Со помош на религијата го грчеа населението.
грчовит | прид.
Што е проследен со грчеви. Имаше грчовити болки во стомакот.
Гуангџу | ср.
Град во Кина.
губар | м.
Вид пеперуга, во фаза на гасеница е многу штетна за шумите; Lymanthria dispar L.
губернатор | м.
Управник на губернија. Добија покана за бал кај губернаторот.
губернија | ж.
Голема административно-територијална единица во некои земји. Излезе дека во еден дел од губернијата има глад.
губи | несв.
Престанува да има нешто, останува без нешто, снемува, загубува нешто. Тој постојано ги губи клучевите. Почна да си ги губи пријателите.
губилиште | ср.
Место каде што се извршува смртна казна. Осуденикот го однесоа на губилиштето и му ја отсекоа главата.
губител | м.