дамнешен | прид.
дамнина | ж.
Одамнешно, далечно време. Луѓето од дамнина ги кроеле овошките.
дампинг | м.
Продажба на стока по многу ниски цени заради конкурентност и освојување нови пазари. Дампинг цени.
дан | изв.
данак | м.
Машко теле одбиено од цицање.
дандиса | св.
Издржи, поднесе.
данок | м.
Дел од доходот, од трудот и сл. што ѝ се дава на државата или на општината. Собира данок. Неплатен данок.
даночен | прид.
Што се однесува на данок. Даночна книга. Даночна комисија. Даночен службеник.
даночник | м.
Овластено лице што собира данок; лице што работи во даночна служба, што пресметува данок.
дансинг | м.
Локал во кој посетителите може да се забавуваат со танцување; игранка. Дансинг-клуб.