довик | м.

Извик, повик. Од долните ливади се слушаа довиците на носачите. Дури на третиот довик одговорив.

довика | св.

Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина. Селанецот го довика, но момчето се правеше дека не го слуша.

довикне | св.

Повика некого, вика гласно по некого од извесна далечина; со викање соопштува нешто од извесна далечина. Кога сакав да си одам, ми довикна, но јас не сакав да го чујам. Исплашен тој едвај стаса да им довикне на другарите: – Лежете!

довитка | св.

Намота до крај. Бабата го довитка клопчето.

довлачи | св.

Заврши со влачењето на волната или нивата. Жената ја довлачи волната. Селанецот ја довлачи нивата.

довлезе | св.

Влезе до крај. Тој довлезе во дворот за да види од каде доаѓа гласот.

довлет | м.

Среќа, благосостојба, богатство.

довлече | св.

Со влечење донесе, премести нешто до определено место. Поарно ќе биде ако довлече плочи па покривот да го направи од нив.

довод | м.

а) Спроведување до нешто, донесување (нафта, вода и сл.). Тие поставија големи цевки за довод на вода. б) Средство, инсталација за проток на вода, нафта и сл.