докажок | м.

Крај на кажувањето, на раскажувањето. Нивниот разговор нема докажок.

докажувачка | ж.

докажок.

доказ | м.

Непобитен факт, документ или податок со кој се утврдува вистинитоста на нешто. Тоа е достатен доказ за херојство. Докази има колку што сакате! За оваа хипотеза нема сигурни докази.

доказен | прид.

Што служи како доказ, што е убедлив, уверлив. Доказен материјал. Доказна постапка.

докапе 1 | св.

Престане да капе. Дождот докапе низ стреите.

докапе 2 | св.

Капе, искапе некого до крај. Одвај го докапав детето.

докати | св.

Изрони, оддели до крај зрна пченка од кочанот. Одвај ги докати неколкуте кочани.

докачи | св.

Качи, искачи нешто до крај. Одвај ги докачив кутиите по скалите.

докај | предл.

За означување на приближен временски период. Општинските работи се наоѓале во рацете на малубројните трговци докај 60-тите години. Пазарот свршува докај ужина.