долдурма | ж.
доле | прил.
долее | св.
Дотури, досипе уште некаква течност. Тој им долеа вино на гостите.
долежи | св.
Лежи до определено време, заврши со лежење. Не можев да долежам в кревет.
долен | прид.
Што е долу, под нешто друго, што се наоѓа на помала висина; горен. Долна усна. Долна страна. Долни гранки. Долни скалила.
долепи | св.
Заврши со лепењето. Ги долепив сите плакати.
долет | м.
Долетување, доаѓање во лет. Авионот имаше успешен долет.
долета | св.
Дојде, стигне со летање. Една пчела долета низ прозорецот. Долетаа големи јата птици.
долж | предл.
По, покрај должина на.
должен | прид.
Што има долг за плаќање, за враќање; должи1 Тој никому должен не останува. Останаа должни седумнаесет лири.