дорастури | св.

Растури до крај. Детето ги дорастури и останатите играчки.

дореда | прил.

Следниот пат, другпат. Дореда пак ќе дојдеме. Кога ќе дојдам дореда, ќе ти донесам.

дореди | св.

Реди, нареди до крај. Ги дореди картите и почна да гата.

Дорец | м.

Припадник на старогрчко племе.

дорече | св.

Рече, доискаже сѐ, до крај. Не смееше да дорече сѐ што намислил. Таа дорече уште нешто и потоа сосема замина.

дорине | св.

Изрине до крај. Излезе да го дорине снегот пред порта.

дорија | м.

Коњ со темноцрвена боја. Покажуваше на еден дорија со бел белег на челото. Ја галеше топлата грива на доријата.

дорони | св.

Изрони до крај. Ја доронил сета пченка.

дороси | св.

Престане да роси. Надвор полека дороси.