другаде | прил.

На некое друго место. Треба да се бара некаде другаде. Ќе го закопам другаде некаде.

другар | м.

Лице поврзано со некого со блиски пријателски односи, со разбирање, доверба, дружење. Ти си ми најдобар другар.

другарство | ср.

(само едн.) Другарски, пријателски однос; другарување, дружење. Нивното големо другарство уште трае. Некогашното другарство го заборави. Другарството меѓу нас.

другарува | несв.

Се дружи, живее другарски, е другар/другарка со некого. Другаруваат од деца. Другаруваш со разни мрзливци. Другарувавме јас и татко ти.

другаш | прил.

другиден | прил.

Задутре. Утре или другиден ќе дојдам.

друго | прил.

Инаку, поинаку. Сега е друго. Тој пат друго зборуваше. Јас мислев друго.

друговерец | м.

Лице што е од друга вера во однос на говорното лице или на некој друг. Таа е робинка во домот на друговерец. Којзнае што ги учи бог друговерците.