дудов | прид.
Што припаѓа, што се однесува на дуд. Дудово дрво.
дудук | м.
Народен музички дувачки инструмент. Свиреа на гајди и дудуци.
дудуле | ср.
Клас од пченка со зрна; кочан. Зрели дудулиња.
дудулка | ж.
Кочан без зрна; кочанка. Го разгорев огнот со дудулка.
дуе | несв.
Полни со воздух; Ги дуеше градите. Ја дуевме фудбалската топка со пумпа. Продолжи да беснее дуејќи ги образите.
дуел | м.
двобој.
дуеница | ж.
Дрвена шупелка со два отвора. Свиреше на дуеницата цела вечер.
дует | м.
Музичка композиција напишана за два гласа (обично машки и женски) или за два инструмента. Го отсвиривме заеднички првиот дует.
дужд | м.
Титула, звање на државен главатар во Венеција и Џенова. Повелбата на дуждот.
дуздиса | св.
Среди, уреди, дотера нешто. Убаво ја дуздисале одајата. Поинаку го дуздисувам животот.