дупчест | прид.

Што е со дупки. Дупчести ракави.

дупчи | несв.

дур 1 | чест.

дур 2 | и.

Еден од тонските родови.

Дурбан | м.

Град во Јужноафриканската Република.

дурбин | м.

Двоглед. Гледа со дурбин.

дури | чест.

За засилување и за назначување дека се одвива нешто повеќе од очекуваното, во просторни и во временски граници. Стасале дури до врвот на планината. Дури до крајот на светот ќе те гонам.

дури | сврз.

а) Со временско значење, за поврзување временски реченици; Дури е мома при мајка како росно цвеќе цвета. Дури станеш ќе се стемни. б) Се јавува со да и со не за ограничување на дејството. Пази го млекото дури да се вратам. Дури не дојдам да не сте почнале.

дурија | ж.

Земјоделска алатка што служи за копање. Се потпре на рачката од дуријата. Притисна со ногата на дуријата.