дури се | несв.
дурли се | несв.
Се излежува, не работи. По цел ден само се дурлиш.
дурло | ж.
Мрзлив човек. Тој е голем дурло.
дурми се | несв.
Се мурти. Постојано се дурми.
дустабан | м.
Рамно стапало. Тешко одеше поради своите дустабани.
дустабанлија | прид.
Што има рамни стапала. Оние што се дустабанлии, комисијата ги враќа.
дух | м.
Психички способности – свест, мислење, способност за спознание.
Духовден | и.
духовен | прид.
(филоз.) Што се однесува на човековата свест, на умствената дејност на човекот, на духот; дух Духовен живот. Духовен развој.
духовенство | ср.
Свештенички позив.