деспотува | несв.

Неограничено владее.

дестабилизација | ж.

Растројство во економијата, во општеството, во моралните норми, во безбедноста на земјата. Дестабилизација на државата.

дестабилизира | св. и несв.

Предизвика, предизвикува дестабилизација. Новите мерки ја дестабилизираа државата.

дестабилизирачки | прид.

Што доведува до дестабилизација. Дестабилизирачки методи.

дестилат | м.

Тоа што се добива со дестилација, производ на дестилација.

дестилација | ж.

Прочистување на течност со загревање до вриење и претворање во пареа, па потоа ладење и повторно претворање во течност. Процес на дестилација. Дестилација на камениот јаглен.

дестилационен | прид.

Што се однесува на дестилација. Дестилационен процес.

дестилира | св. и несв.

Изврши, врши дестилација.

дестимулација | ж.

Отсуство, немање на стимулација, дестимулирање.

дестимулира | св. и несв.

Лиши, лишува, изгуби, губи стимулација, натера некого да биде незаинтересиран, му ја одземе, одзема волјата за работа.