дијаспора | и.
Растуреност низ светот на некои народи што немаат своја земја (Ромите и др.).
дијафилм | ж.
Слики снимени на филмска лента што се прикажуваат последователно и што се поврзани со една тема. Постојат дијафилмови во кои содржината се изразува само со визуелните елементи.
дијафрагма | ж.
(анат.) Мускулна преграда меѓу градната и мускулната празнина. Почувствува болка над дијафрагмата.
дијахронија | ж.
Случување на некои појави во различно време.
диња | ж.
Едногодишно растение и неговиот плод, месест и сочен со сладок вкус; Cucumis melo. Жолта диња. Мирис на диња. Диња и лубеница.
длабач | м.
Вид алатка која служи за длабење, резбарење.
длаби | несв.
Прави длабнатина во нешто. Тој полека длабеше со длетото.
длабина | ж.
Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина; висина, височина. Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата.
длабиномер | м.
Направа за мерење на длабочината.
длабнат | прид.
Издлабен, вдлабен.